Штипјани донираат за жителите погодени од поплавите
Општина Штип и Општинската организација на Црвениот крст во понеделник ќе ја испратат хуманитарната помош за поплавените подрачја во скопскиот регион.
Шефот на Кабинетот на градоначалникот на Штип, Снежана Санева изјави дека граѓаните можат да донираат за поплавените подрачја до крајот на денот.
- Хуманираната акција ја спроведуваме заедно со Општинската организација на Црвениот крст. Собрани се средства за хигиена, храна и вода. Во текот на денот и за време на викендот ќе се прават пакети, кои на лице место Црвениот крст ќе може да им ги донира на граѓаните во поплавените подрачја на скопскиот регион. Што се однесува до донираната храна, таа е складирана согласно сите прописи и се гледа на датумите за нејзина употреба, а исто така е исконтролирана и од страна на надлежните од Агенцијата за храна и ветеринарство, вели Санева.
Таа истакна дека екипи на штипското комунално претпријатие „Исар“ и пожарникарите од Територијалната противпожарна единица во Штип уште од првиот ден се ангажирани и работат на расчистување на штетите од поплавите.
Во текот на вчерашниот ден, 80 вработени од општина Штип и од јавните претпријатија „Исар“ и „Стипион“ беа вклучени во расчистувањето на штетите во Синѓелиќ и Стајковци, а беа дел и од комисиите за проценки на штетите во скопскиот регион.
Ново на Сител
-
Каква економија не очекува
-
Штипска Физикална се модернизира за да одговори на потребите на пациентите
-
На Водно се засекуваат бадникарските дрвца
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-
Слаб интерес за селекција на отпадот во Струмица
-
Гласен текстилец - и годинава ќе има злоупотреби при исплатата на К-15
-
Скопјани добија вода, дефектот е саниран