Македонија
25. јуни 2020 - 14:50

Штипјанец во два наврати влегол во домот на 81-годишна жена, физички ја нападнал и украл накит и пари

СВР Штип до ОЈО Штип поднесе кривична пријава против Ѓ.М.(27) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „разбојништво“.

Пријавениот во два наврати, на 16.06. и 23.06.2020  со намера за себе да прибави противправна имотна корист со употреба на сила и подесен предмет ја отворил влезната врата од куќа на ул.„Личка“ во Штип сопственост  на Р.Ј.(81) од Штип, влегол внатре и во двата наврати физички ја нападнал и и одзел златен накит и пари.

Од страна на судија на претходна постапка на Ѓ.М. одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.