Македонија
27. November 2017 - 13:29

Штипјанец веднаш повикал полиција кога го пронашол ова на улица

Вчера во 08.10 часот на ул. „Генерал Михајло Апостолски“ во Штип, спроти Народен театар „Ацо Шопов“, граѓанин пронашол пиштол марка „ЦЗ“ калибар 9 мм со празна рамка. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип.

Пиштолот бил подигнат за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за рачистување на случајот.