Ракомет
26. January 2018 - 22:47

Штербик ја однесе Шпанија до големото финале

Ракометарите на Шпанија се првите финалисти на Европското првенство што се одржува во Хрватска. Во првото полуфинале Шпанија со 27:23 (15:9) ја совлада Фрнација. Ова за Шпанија ќе биде петто финале на европските првенства, а уште немаат златен медал. Шпанските ракометари со пласманот во финалето во најмала рака го повторија резултатот од претходното првенство.
Во првите 20-тина минути дуелот беше изедначен, а потоа „црвената фурија“ направи серија од 7-1. Во тие моменти голманот на Шпанија и на Вардар, Арпад Штербик одбрани два удари од седум метри (бранеше само пенали и имаше три одбрани).
Шпанија во 45.минута имаше и највисоки +9 (23:14), но потоа Франција направи серија серија од 6-0. Низата на противникот ја прекина уште еден играч на Вардар, Жоан Кањелас, кој постигна гол и неговата селекција го врати ритамот за конечна победа. Најефикасни кај Шпанија беа: Феран Соле со 7 и Раул Ентрериос со 6 голови, додека кај Франција Седрик Сораиндо постигна 6.
Во второто полуфинале од 20:30 часот ќе играат Данска и Шведска. 
Во дуелот за 5.место попладнево Хрватска ја победи Чешка со 28:27.