-->
-->
Штербик го „однесе“ Вардар во финалето на Купот на Македонија
-->
Ракометарите на Вардар по голема борба во полуфиналето од Купот на Македонија го совладаа Металург со 31:30 (17:14). Вардар водеше во текот на првиот дел, а на полувреме беше 17:14. Поради неспортски однос играчот на Металург Немања Обрадовиќ беше исклучен во финишот на првиот дел.
И без него Металург во вториот дел беше подобар тим и најпрвин успеа да изедначи, а потоа и водеше во поголемиот дел од вториот дел. Вардар повторно имаше водство во 55.минута, а во финишот на дуелот Арпад Штербик „врза“ неколку одбрани пред се на Илиќ и Вардар стигна до победата и финалето.
Во првото полуфинале Еурофарм Работник го совлада Охрид со 26:18.
„Вардарци“ кои важат за фаворити ќе се обидат да стигнат до 12.тиот трофеј во Купот на Македонија, додека за екипата од Битола Работник ова е прво финале.
Почетокот на финалниот дуел е во 16:30 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Историски аспект на Илинденското востание и Илинденската република
-
121 година од Илинденското востание
-
80 години АСНОМ
-
Чествување на Илинден
-
Филипче: Двата Илиндена не обединуваат
-
Пожарите беснеат низ државата, најкритично на Осоговските планини
-
Пожарникарите се борат со огнот над Косел
-
ОЈО и МВР истражуваат има ли злоупотреба на овластувања во случајот со Косовската претседателка