Штајнмаер: Ситуацијата во источниот дел на Украина е експлозивна
Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер ја оцени ситуацијата во источниот дел на Украина како „експлозивна“ и побара од сите инволвирани страни во конфликтот да започнат разговори со цел да се спречи ескалација на насилството.
Тој истакна дека во разговорите со својот украински и руски колега предложил Киев и претставници на проруските сили веднаш да седнат на преговарачка маса со претставници на ОБСЕ и да се намалат тензиите.
- Ситуацијата во источниот дел на Украина е експлозивна. Многу работи се ставени на коцка. Доколку двете страни во конфликтот не се вратат на мировниот процес, во секој момент би можело да се поттикне ново ескалирање на насилството, нагласи шефот на германската дипломатија.
Мировниот договор потпишан во февруари во Минск го намали, но не му стави крај на насилството во Украина, а Киев и проруските сили минатата недела меѓусебно се обвинуваа поради непочитување на договорот за прекин на огнот.
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка