Шпанскиот амбасадор во Белгија повлечен поради неработење
Шпанскиот амбасадор во Белгија, Игнасио Хесус Мателанес Мартинез е повлечен од функцијата и вратен во Мадрид, по обвинение за „недоаѓање“ на своето работно место и за злоупотреба на функцијата.
Медиумите во Мадрид забележуваат дека за ваквата невообичаена постапка на шпанското Министерството за надворешни работи, засега, нема никакво официјално објаснување.
Повикувајќи се на свои дипломатски извори, медиумите тврдат дека повлекувањето на амбасадорот е резултат на неговите „редовни отсуствува“ од работата и „недостигот на желба“ да ја извршува функцијата, што предизвикало Амбасадата во главниот белгиски град, практично, да биде „парализирана“.
Во кусото објаснување на шпанското Министерство се вели дека сите проверки што се направени во Амбасадата се од доверлива природа и тие нема да бида објавени.
Министерството, сепак , признава дека станува збор за „крупни грешки“ во работењето и за цела низа неуспеси на дипломатската мисија која се нашла во „хаотична состојба“.
Според медиумите во Мадрид, во Амбасадата во Брисел никој со никого не разговарал, имало отсуство на комуникација и страв, па голем број вработени во мисијата се пожалиле дека западнале во депресија.
Амбасадорот Мартинез беше шеф на дипломатката мисија на Шпанија во Белгија од 2012 година.
Ново на Сител
-
Променливо облачно со повремен локален дожд
-
Почнува Рамазанскиот пост
-
Дел од Општина Илинден без струја
-
Зеленски предвреме ја напушти Белата куќа, откажана и прес-конференцијата
-
Зеленски четири пати им се заблагодари на Трамп и на САД
-
Макрон по прекинатиот разговор Трамп-Зеленски: Има агресор, а тоа е Русија
-
Белата куќа: Договорот за минерали меѓу САД и Украина не е потпишан
-
Трамп до Зеленски: Ризикувате да започнете Трета светска војна