-->
-->
Шпанија воведува посторги закони за коридата
-->
Властите на шпанските Балеарски Острови, усвоија закон со кој при борбите со бикови во популарните кориди се забранува убивање и повредување на животните, како и користење на алкохол и присуство на лица помлади од 18 години.
Во законот предложен од левичарското мнозинство во регионалното Собрание се предвидуваат и антидопинг тестови за матадорите, но и за биковите. Времето што еден бик може да го мине во рингот пак се ограничува на 10 минути.
Конзервативците, кои се против законот, сметаат дека сега со новите ограничувања, одржувањето борби со бикови ќе биде „речиси невозможно“.
Тие исто така, нагласуваат дека законот „може да биде спротивен на Уставот на Шпанија, каде коридата се третира како дел од културното наследство“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Завршен митинг на Влен
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена