-->
-->
Шпанија со прва титула светски првак во женскиот фудбал
-->
Женската фудбалска репрезентација на Шпанија со минимален резултат го совлада европскиот првак Англија во финалето на деветтото Светско првенство за жени. Единствениот гол на натпреварот, но достоен за пехарот наменет за светските шампиони, го постигна Олга Кармона.
За двете селекции ова беше прво финале на Светското првенство.
Предизвикуван и бојкотиран од девојките, шпанскиот селектор Хорхе Вилда сега ја предводеше Шпанија до светската титула за сениори, откако го стори истото со селекциите до 17 и до 20 години. Сарина Вигман, единствената селекторка која водеше две различни репрезентации до финалето на Светското првенство, било во машки или во женски фудбал, губи две финалиња по ред.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Уапсени поранешни и сегашни функционери – истрагата за Кочани се проширува
-
Пуштен системот за заедничка гранична контрола на ГП Долно Блаце – Елез Хан
-
Ќе има ли јагнешко за Велигден и по која цена?
-
Tема на денот со Михајло Лахтов, експерт за медиуми
-
Загрижувачки пораст на респираторните заболувања - околу 1000 случаи годишно со рак на белите дробови
-
Кој краде на Клиниката за онкологија – Два инциденти за 6 дена
-
Судењето за убиството на Вања продолжи со испрашување на таткото
-
Коалицијата „Вреди“ ги пегла разликите