Фудбал
20. August 2023 - 20:14

Шпанија со прва титула светски првак во женскиот фудбал

 
Женската фудбалска репрезентација на Шпанија со минимален резултат го совлада европскиот првак Англија во финалето на деветтото Светско првенство за жени. Единствениот гол на натпреварот, но достоен за пехарот наменет за светските шампиони, го постигна Олга Кармона.
 
За двете селекции ова беше прво финале на Светското првенство. 
 
Предизвикуван и бојкотиран од девојките, шпанскиот селектор Хорхе Вилда сега ја предводеше Шпанија до светската титула за сениори, откако го стори истото со селекциите  до 17 и до 20 години. Сарина Вигман, единствената селекторка која водеше две различни репрезентации до финалето на Светското првенство, било во машки или во женски фудбал, губи две финалиња по ред.