Шон Пен „виновен“ за апсењето на Ел Чапо
Мексиканскиот наркобос Хоакин „Ел Чапо“ Гусман бил лоциран благодарение на интервју кое во тајност го имал пред неколку месеци со американскиот актер Шон Пен.
Интервјуто со Гусман кој досега двапати бегаше од максимално обезбедени затвори во Мексико, е објавено на сајтот на американското списание Ролинг Стоун.
Интервјуто наводно е направено на непозната локација во Мексико во крајот на 2015 година.
Ел Чапо беше уапсен во минатиот петок во градот Лос Мочис во покраината Синалоа откако беше во бегство шест месеци.
Мексиканските власти знаеле за состанокот на Шон Пен и Гусман и мексиканската актерка Кејт дел Кастилјо во октомври и го следеле американскиот актер. Тоа им помогнало да го лоцираат ранчот каде се криел Ел чапо, наведуваат извори од мексиканската Влада.
Во интервјуто со Шон Пен, Гусман се обиде да ја одбрани својата улога на лидер на најголемиот нарко картел во светот.
Пен во интервјуто за Ролин Стоун потврдува дека Ел Чапо бил заинтересиран да се сними филм за него и сакал во тој проект да учествува Кејт дел Кастилјо која овозможила состанок на Пен и Гусман.
Ново на Сител
-
Македонија одбележува 5 години во НАТО
-
Презентирани активностите од Реформската агенда
-
Се чешлаат објектите во Охрид
-
Осум студенти од УГД загинаа во трагичниот настан во Кочани
-
Овошна садница за пластично шише, еколошка акција во општина Босилово
-
Преглед на вестите од светот
-
Насилникот од Радовиш што ја тепаше жената во живо на Тик-Ток доби кривична пријава
-
Тема на денот со проф. Д-р Марија Јовановски Срцева, директорка на ТОАРИЛУЦ