Шолц: Германија нема да ги отстрани ограничувањата на Украина за оружјето со долг дострел за гаѓање цели во Русија
Германскиот канцелар Олаф Шолц уште еднаш потврди дека Германија нема да ги укине ограничувањата на Украина за напади со западно оружје на руска територија.
-Јасно е дека ние секогаш сме многу фокусирани да го поддржиме тоа што навистина помага и што е неопходно. . .
Ова исто така го подразбира фактот дека Германија нема да ги укине ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел. Ова не зависи од мојот личен став.
Ние нема да го направиме тоа и имаме добри причини за тоа, изјави Шолц непосредно пред средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Њујорк, пренесува Тагешау.
Истовремено, Шолц ја повика ЕУ итно да и ја обезбеди на Украина ветената финансиска помош од 35 милијарди евра.
-Ова е важно за да можат да придонесат и пријателите во Канада, САД, Велика Британија и Јапонија, додаде германскиот канцелар.
Шолц додаде дека неговата позиција нема да се промени дури и доколку САД ги укинат ограничувањата.
Ново на Сител
-
Трамп го назначи Стивен Милер за заменик-шеф за политика во новата администрација
-
СДСМ: Mицкоски сака да го партизира судството
-
Стејт Департмент: Блинкен ќе се сретне со израелскиот министер Дермер, САД инсистираат на поголема хуманитарна помош за Газа
-
Израел соопшти дека Хезболах истрелал 165 ракети кон северен Израел
-
ДСЗИ ќе иницира постапка за стручен надзор над лекувањето на починатото петгодишно дете
-
Откриена огромна мрежа на фалсификати во Италија, ги лажирале делата на Моне, Ван Гог…
-
Курти: Прво Бриселскиот, а потоа и Вашингтонскиот договор
-
Белата ајкула-дух пронајдена во близина на островот Сазан во Албанија го воодушеви светот