Шокантно: Пратеничка застрелана и прободена со нож
Британската пратеничка од Лабуристичката партија Џо Кокс е во критична здравствена состојба, откако беше застрелана и прободена со нож во северна Англија, соопшти полицијата.
Органите на редот уапсија 52- годишен маж во врска со нападот.
Кокс се здобила со сериозни повреди и е во критична состојба, пренесува БТА.
Пратеничката била нападната во нејзиниот избирачки регион во Бирстол, близу до Лидс, во момент кога се подготвувала да се сретне со своите гласачи, соопшти телевизијата „Канал 4“.
Еден маж исто така е повреден при нападот.
Џереми Корбин, лидерот на лабуристите, кои се главната опозициска партија во Велика Британија изјави дека е исклучително шокиран од нападот.
- Многу сме вознемирени од информацијата дека Кокс била нападната. Нашите молитви се со Џо и нејзиното семејство, изјави премиерот Дејвид Камерон, кој е лидер на владејачката конзервативна партија.
По нападот, кампусот на приврзанците за останување на Велика Британија во Европската унија ја запре својата кампања пред референдумот на 23 јуни.
Кокс, која го поддржува членсвото на земјата во ЕУ, беше дел од оваа кампања.
„Ја запираме привремено нашата кампања. Упатуваме молитви за Џо Кокс и нејзиното семејство“, напиша на Твитер претставник на штабот на кампањата „Посилни во (ЕУ)“.
Ново на Сител
-
Дали Управниот суд ќе стави официјален крај на изборите?
-
Tема на денот со Лилија Чолакова Дервишова, претседател на ЗПЛРМ
-
Ќе има ли учебници за сите од први септември?
-
Ахмети најави битка за одбрана на легитимност
-
По пратеничкиот мандат на Беџети, Сарај ќе избира нов градоначалник
-
Внимателно со трошење на буџетските пари, порачуваат академците
-
Советот на јавни обвинители законски не може да го разреши Иџет Мемети
-
На Кацарска и завршува мандатот - Кој ќе ја наследи?