Шок! Ограбена куќата и на Сакиќ, сопругата објави снимка од крадците, бара помош за да ги најдат
Непознати мажи провалиле во домот на синот на Синан Сакиќ.
Сабина Сакиќ, сопругата на пејачот ја сподели снимката на која се гледа како мажи ја обиваат куќата на Елвис Сакиќ.
Сабина ги замоли пријателите да јават доколку ги познаваат мажите од снимката која го ограбиле нејзиниот син.
-Би ги замолила пријателите ако ги препознаете овие типови да ни ги кажете имињата. Му ја обија куќата на Елвис и го ограбија, напиша жената на Синан во описот на снимката која ја сподели на својот Фејсбук профил.
Сопругата на Синан Сакиќ за српски Курир изјави дека полицијата врши увид и дека уште точно не се знае што однеле крадците.
Елвис Сакиќ откри дека му се познати фаците од снимката, но за среќа крадците не однеле вредни работи.
-Однесоа десетина празни шишенца од парфем и неколку полни. Неколку чанти, часовници, ми ја превртеа целата куќа, но за среќа не однесоа вредни работи, рече Елвис.
Сакиќ додава дека пријатели му јавиле дека сијалиците на бандерата пред куќата биле скршени, па се сомнева дека грабежот е планиран претходните денови.
Да потестиме, пред два дена е ограбена и вилата на директорот на Гранд продукција Саша Поповиќ, од каде крадците однеле сеф со важна документација и часовници во вредност од 100.000 евра.
Ново на Сител
-
Митева: Контролите ќе бидат етапни и долгорочни, надлежните институции континуирано ќе работат
-
Настов: На шест пациенти им е направена трансплантација на кожа поради степенот на изгореници
-
Ограбен апартманот на пензионер кој живеел во старски дом
-
Четири малолетни другарки биле полово нападнати на плоштад во Прилеп
-
Излетало возило од патот Охрид – село Подмољје
-
На депонијата Мегленци пронајдени три артилериски гранати од Првата светска војна
-
Митева и Љатифи-Азизи: Завршува седумдневната национална жалост, но истрагата ќе продолжи со невиден интензитет
-
Украина: Русија загуби над 900.000 војници од почетокот на инвазијата