Шимански: Олеснувањето на санкциите против Русија ќе ја дискредитира ЕУ
Олеснувањето на европските санкции против Русија може да ја дискредитира ЕУ, изјави денеска пред новинарите во Луксембург полскиот заменик министер за надворешни работи, Конрад Шимански, цитиран од ТАСС.
-Ќе биде тешко да дадеме конструктивен, одговорен аргумент дека е неопходно олеснување на санкциите или откажување од нив. Тоа ќе ја дискредитира Европа, која со таквата одлука ќе ја покаже целата сила на својата слабост. Затоа се надевам дека никој не мисли за такво нешто, посочи Шимански за Полската агенција по печат (ПАП). Тој вчера ја претставуваше Полска на заседанието на Советот на ЕУ за надворешни работи во Луксембург.
Според него, полската Влада е отворена за дискусии за нови санкции против Русија заради ситуацијата околу Сирија.
-Сметаме дека ЕУ може да влијае врз Русија под услов таа да биде контиунирана во своето однесување. Заинтересирани сме за единството на ЕУ и не сакаме предвремени дејствија, кои ќе го нарушат тоа единство, изјави Шимански.
Тој уште кажа дека најдобриот инструмент за притисок врз Руската федерација, со која ЕУ располага, се економските санкции.
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни четири пожари, 15 изгаснати, еден ставен под контрола
-
Во Норвешка, речиси секој нов автомобил е електричен
-
Татко ми ме учеше на македонштина | Дамјан Стојановски | ПРОфесија | Sitel Podcast 104
-
Влада: Ќе се основа Мултифункционален научно-технолошки парк
-
Германската царина откри 1.500 тарантули криумчарени во колачи
-
Јавниот повик за прием на 400 пожарникари завршува во четврток, најдобрите ќе бидат дел од новата специјална единица на ДЗС
-
ЦУК: Активни шест пожари, изгаснати три
-
Алкалоид против Хановер во баражот за групната фаза во Лига Европа