Шилегов: За наездата на комарци во Скопје одговорни се и приградските општини
Шилегов ги обвини колегите од околните општини Сопиште, Чучер Сандево, Илинден, Петровец , Арачиново дека не извршиле прскање а комарците не разбираат воздушни граници.
Против комарци ќе се прска и во понеделник од земја. Терестрична дезинсекција најави градоначалникот на Скопје на брифингот кој го одржаа со центарот за јавно здравје. Секое прскање е вршено под надзор на центарот, годинава прскале против комарци во пет наврати.
„Несериозно е од некои мои колеги . Ние како Град Скопје може да функционираме исклучиво во рамки на административни граници, но од општините кои се дел од скопската котлина, ниту една годинава нема спроведено ниту еднаш запрашување. Тие општини се природен дел од градот, но не учествуваат активно во оваа битка. Поради ова нашата битка е осудена на парцијален успех“, вели Шилегов.
Шилегов напомена дека секое прскање е штетно и не може да се врши толку често. Од центарот за јавно здравје велат комарците не може да целосно да се сузбијат, но доколку сите општини се вклучат може да се намали наездата.
„Комарецот лета од 5 до 50 километри на ден. Ние ќе имаме проблем се додека во целост и сите заеднички навремено не ги обавуваат обврските. Ние како центар за јавно здравје до сите општини редовно доставуваме елаборати, до 31 јануари и тука завршува нашата обврска“, вели Николина Соколовска од Центарот за јавно здравје Скопје.
Уверуваат дека како надлежни институции преземаат мерки овој проблем да се решава навремено но велат временските услови си го прават своето. За споредба ги наведоа примерите со Грција и Хрватска каде воопшто не се третираат комарците на ваков начин.
За наездата на бубашваби во градот која трае цело лето, двајцата се децидни дека проблемот е во раководствата на колективните и индивидуални живеалишта на станари. Дератизацијата била навремено извршена иако на почетокот од појавата на наездата, од Центарот за јавно здравје изјавија дека локалните власти задоцниле со интервенција. бубашвабите биле непријатни за гледање, но до сега немало случај на заразен иако и овие инсекти може да шират болести велат од скопскиот центар за јавно здравје.
Мирјана Давидовска
Ново на Сител
-
Осуденици добивале привремено ослободување: Истражните органи со детали за денешната акција
-
Тема на денот со Јован Јоновски, хералдичар
-
Критики од европските претставници за гласањето во ООН
-
9-тото електрично возило за чистење на БРАКО излезе на пазарот
-
Пратенички прашања: Од резолуцијата во ОН, преку Коцевски, до кој какво млеко пие
-
Уште 8 амбасадори се пакуваат за дома
-
Заменик градоначалникот на Скопје си поднесе оставка - Арсовска тврди дека таа го разрешила
-
Македонија сака да увезува отпад од ЕУ - Пратениците расправаат за последиците од аерозагадувањето