Шилегов: Убеден сум на победа во прв круг
Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов на денешниот настан кажа дека смета на победа уште во прв круг.
– Јас кажав на почетокот на кандидирање, се додека ставовите на луѓето кои се кандидираат се однесуваат лично на мене, нема да ги коментирам. Секогаш сум спремен да дебатирам со кого и да е, за визијата за Скопје и за развојот на нашиот град. Секој има право да се надева на успех во изборниот циклус. Тоа право му го давам и на господинот Георгиевски. Впричем, јас сум убеден во победата уште во првиот круг. Ќе кажат граѓаните на 17 октомри. Мислам дека е во заблуда – рече градоначалникот на Скопје Петре Шилегов на денешниот настан за почеток на изградба на клучка на булеварот „Словенија“ и Качанички пат, прашан за коментар на изјавите на Георгиевски.
Ново на Сител
-
АХВ нареди нови мерки на Струмички Комуналец
-
Освен казни, Пазарна ќе запленува и роба ако продолжат прекршувањата на владината мерка
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Поплаки и оваа година за дел од таксистите
-
Ристески: Новиот Закон за работни односи после 7 години ќе излезе од фиока
-
Преглед на вестите од светот
-
Почина бебе на Детска Клиника - Телото е на обдукција, вонреден надзор во понеделник
-
„Конти“ - Лесна заработка или тешка измама?