Шилегов тргна да ги ослободува заробените дрвја низ градот
Скопскиот градоначалник тргна во обиколка на општините за да им помага на колегите да ги ослободат заробените дрвја.
Акцијата почна на улицата „Орце Николов“ во Дебар Маало, каде според надлежните има голем број заробени дрвја со бекатон-плочки и друг градежен материјал. Градоначланикот Шилегов очекува до крајот на летото да бидат ослободени 200 дрвја.
– Во јануари годинава со Шумарскиот факултет потпишавме меморандум за соработка за ослободување 841 дрво, дрвја кои се заробени со градежен материјал. Со задоволство можам да истакнам дека до крајот на оваа сезона сите 200 дрвја кои се во надлежност на Град Скопје ќе бидат ослободени. Им помагаме и на општините да влезат во засилен процес на ослободување на дрвјата. Најмногу заробени дрвја има на територија на Општина Центар, особено овде, во Дебар Маало. Во лудата урбанизација на овој дел од нашиот град во целост беше заборавена животната средина. Големите и развиени дрвја се природен прочистувач на воздухот и ние ќе направиме се што е во наша моќ да ги заштитиме тие дрвја.
Во општина Аеродром само 20 стебла биле заробени па градоначалникот на Скопје очекува денеска сите да бидат ослободени.
Мирјана Давидовска
Ново на Сител
-
Тема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка на државата
-
Скандалозно судење на дербито Вардар-Силекс
-
Судски Совет: Изречената воспитна мерка за Васил Јованов е согласно законот
-
Интерпелациите за Судскиот совет на седница до 10 март
-
Предлогот за разрешување на Коцевски патува кон Советот на Јавни обвинители
-
Резолуциите во Обединетите нации и денеска причина за обвинувања помеѓу власта и опозицијата
-
Зеленски во петок кај Трамп
-
Мицкоски: Маркетите кои картелски се здружуваат, ќе одговараат