Шилегов: Изненаден сум од евтините ветувања за целосно бесплатен јавен транспорт
Одговарајќи на новинарско прашање што мисли за изборната понуда за бесплатен јавен превоз, градоначалникот на Скопје Петре Шилегов одговори рече дека тој е изненаден од ваквата понуда.
„Јас сум изненаден за некој што се себе си се претставува за добар менаџер, како така напамет дава ветувања. Трошоците на јавниот транспорт во градот Скопје изнесуваат околу 30 милиони евра годишно. Основниот буџет на град Скопје е 80 милиони евра годишно. Ако градот го земе буџетски да го финансира целокупниот јавен превоз, тогаш со што ќе се финансираат останатите активности на градот?“, кажа Шилегов.
Според градоначалникот Шилегов, некој што себеси се претставува дека е менаџер, барем треба да има основни знаења, и познавања за овие категории, потоа да дава ветувања, коишто се очигледно лажни, и очигледно популистички.
На крај на одговорот, Шилегов укажа дека е запрепастен од евтините ветувања, популизмот, и непознавањето на основните работи за јавниот превоз во Скопје.
„Евтините ветувања и популизмот, јас навистина сум запрепастен, како некој се себе претставува за менаџер, без да ги знае основните работи на јавниот превоз во Скопје“, рече Шилегов.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Србија останува стабилна, нема одлука за избори по оставката на премиерот
-
Изненадувачки голема реколта на тутун годинава во Македонија
-
Тема на денот со Маријана Лончар Велкова, претседателка на организација на потрошувачи
-
Бојкот на маркетите во петок, поради високите цени
-
ЕСМ бара поскапување на парното
-
Касами ќе премиенува 300 улици во Тетово, премиерот дециден - Владата нема да одобри еднострани одлуки на општината
-
Владата одлучи: 250 милони евра од унгарскиот кредит на располагање на стопанството
-
Утре ќе стигнат дел од дефицитарните лекови на Онкологија