Балкан
18. February 2016 - 12:03

Шестмина турски војници загинаа во експлозија во Дијарбекир

Шестмина турски војници беа убиени откако бомба со далечински управувач беше активирана во југоисточниот турски округ Дијарбекир. Еден војник е тешко повреден, соопшти извор од безбедносните сили.

Бомбата била поставена на патот Дијабекир-Лиџе, пренесе БТА.

Телевизијата НТВ информира дека бомбашкиот напад е извршен од терористи на Курдската работничка партија (ПКК).

Првично беше соопштено дека експлозијата се случила при преминување на воен конвој.

Бомбашкиот напад беше извршен ден по нападите со автомобил-бомба врз воени автобуси во центарот на Анкара, во кој беа убиени 28 лица.