Шестмина мигранти се удавија крај турскиот брег
Шестмина Сиријци, меѓу кои и едно дете, вчера се удавиле крај турскиот брег при обидот да стигнат до грчкиот остров Кос, информираа американските медиуми.
Спасени се три лица, кои повеќе часови останале под превртениот чамец, пред да бидат извадени од нуркачите.
Грција денеска со ферибот ќе превезе 2.500 мигранти од островот Кос до Солун. Оттаму тие ќе можат да го продолжат својот неизвесен пат на барање азил во побогатите европски земји, забележаа американските медиуми.
Грчката крајбрежна стража во 23 операции во Егејско Море изведени во последните 24 часа спасила 576 мигранти.
Грчкиот остров Лезбос, во кој дневно пристигнуваат по 2.000 мигранти, е на границата на можностите за прифат на уште луѓе, соошти невладината организација Меѓународен комитет за спас (IRC), цитирана од француските медиуми.
Приближно 6.500 бегалци во понеделникот спиеја под отворено небо. Билетите за фериботите до континентална Грција се купени за 1,5 недела однапред, а бројот на новопристигнати не запира да расте.
„Ако не бидат пуштени во сообраќај уште бродови бројот на бегалци на островот ќе достигне 20.000“, се наведува во соопштение на организацијата.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Диме Велев, претседател на Сојуз на здруженија на дијабетичари
-
Трајановски најавува градежна офанзива во патната инфраструктура
-
Трет ден комисиска расправа за предлог-буџетот за 2025 година
-
Мицкоски ги повика банките на општествена одговорност
-
СДСМ: Власта ја партизира АЕК
-
Мицкоски: Нема да има отстапки во позициите за ЕУ перспективата
-
Четвртина од населението во државата не знае дека има дијабет
-
Зголемен бројот на деца со тешкотии при читањето