Македонија
6. January 2016 - 14:11

Шест словенечки полицајци од денеска на „Богородица“

Шест словенечки полициски службеници денеска започнаа  со работа на македонско - грчката граница. Тие  ќе ги извршуваат своите обврски заедно со македонската гранична полиција на подрачјето, кое го покрива полициската станица за гранични проверки и граничен надзор „Богородица“.

Како што денеска соопшти Амбасадата на Република Словенија во Скопје, словенечките полициски службеници по потреба ќе им помагаат и на македонските колеги во процесот на регистрација на бегалците во привремениот транзитен центар „Гевгелија“. 

- Во работата покрај опремата и возилата, со кои вчера допатуваа од Словенија, ќе им помагаат и двете полициски кучиња Пан и Бојко, стои во соопштението. 

Република Словенија во рамки на своите можности, се подвлекува, одговори на барањето на Република Македонија за материјална и логистичка помош при справувањето со бегалската криза, која го зафати регионот.