Шест лица потешко повредени во шест сообраќајки викендов во Скопје
Шест лица се здобиле со тешки телесни повреди во шест од вкупно 35 сообраќајки случени во текот на викендот на подрачјето на СВР Скопје. Во 12 полесно биле повредени 12 лица, а во 17 била причинета материјална штета.
Од МВР информираат дека викендов сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Сто осумдесет возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, 16 возачи поминале на крстосница на црвено светло, шест возачи не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, осум возачи за неправилно престројување, еден возач за неправилно престигнување, тројца возачи не дале првенство на минување на возило во зона на крстосница и 20 возачи за не користење на заштитен шлем. Санкционирани биле и четворица пешаци кои поминале коловоз на црвено светло. Затекнати биле 180 непрописно паркирани возила.
Од сообраќај биле исклучени 73 возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 46 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, 15 возачи почетници, како и шест технички неисправни возила, 42 нерегистрирани возила и едно возило за претовар.
Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 123 возила.
Денеска Одделението за превенција при СВР Скопје во рамките на сообраќајно воспитниот проект „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи“ ќе реализира едукативна работилница со децата од голема група во детската градинка „25 Мај“’, објект „Морковче“, која се наоѓа на подрачјето на општина Гази Баба.
Ново на Сител
-
Апел за рационално користење на водата: Зголемената потрошувачка предизвикува прекини и намален притисок во Скопје
-
До сабота сончево и многу топло, дневната температура до 42 степени
-
ЕМОФ Скопје 2025 отворен со спектакуларна церемонија - Македонија ја пречека Европа со спорт, музика и заедништво
-
Регионалниот пат Куманово - ГП Пелинце ќе биде затворен за сообраќај поради велосипедска трка
-
Куманово ќе спроведе трет треман на терестичка дезинсекција
-
Активни четири пожари, три се под контрола, а 15 се изгаснати
-
Рекорднa запленa од 206 кг кокаин на границата меѓу Бугарија и Турција, приведен дипломат
-
Шефот на мароканската дипломатија во посета на земјава на средба со Муцунски