Шест лица ќе треба да платат глоба за прекршување на полицискиот час
– Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против шест лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинителите му предложиле на судот секој од обвинетите да биде парично казнет со глоба во висоина од по 100 евра во денарска противвредност.
Како што се наведува во соопштението од ОЈО Скопје, во издвоени кривично-правни настани, при контроли направени во периодот од 11-18 март на различни локации во градот, полициски службеници ги затекнале обвинетите при непочитување на важечкиот полициски час. Имено, обвинетите се движеле без да поседуваат дозвола за тоа во периодот меѓу 22 и 05 часот, кога на сила бил важечки полициски час како мерка за сузбивање на заразна болест.
Јавните обвинители му предложија на Судот на секој од обвинетите да му изрече парична казна од по 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-
За една недела санкционирани 149 непрописно паркирани возила во Општина Центар
-
Викендов 718 казни за брзо возење
-
ЕУ: Меѓународната заедница треба да се фокусира на постигнување сеопфатен, праведен и траен мир во Украина
-
Ја тепал па ја силувал во автомобилот на татко му, 37 годишен скопјанец осомничен за силување
-
Макрон му честиташе на Мерц: Порешителен од кога било за заедно да правиме големи работи
-
Анчелоти: Реал во одлична форма му пристапува на најважниот дел од сезоната
-
Пожар во руски регион по украински напад со дронови
-
Светските лидери му честитаа на Мерц на победата, а честитки пристигнуваат и за АфД