Шекеринска:Охрабрувачки е дека можната нова Влада во Бугарија вели оти треба нов пристап, што би бил корисен и за двете страни
Охрабрувачки е дека можната нова влада во Бугарија вели оти ни треба нов пристап. Ние ќе го имаме истиот дух на добрососедство, на отвореност и истата желба да најдеме решенија и да тргнеме напред. Ако има и пола од тој дух и на бугарска страна, како што гледаме деновиве, можно е да видиме и пресврт. Дефинитивно нов пристап ќе биде корисен и за нас и за нив, изјави денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска, по завршувањето на финалната конференција на групата за воена интеграција на Република Македонија во НАТО.
Охрабрувачки се, нагласи таа, изјавите дадени во изминатиот период и резултатот од бугарските избори, затоа што, како што рече, Бугарија се доведе во ситуација да не блокира нас и Албанија, но на некој начин да се блокира и себе си.
– Тие зборови делуваат охрабрувачки, се разбира тоа е сепак само најава. Ние го поддржуваме тој апел за нов дух, за нов тип на дијалог во кој ќе се трудиме не да најдеме мана или причина да го блокираме соседот, туку да најдеме што и едните и другите можеме да извлечеме од поголема соработка, рече министерката Шекеринска.
Таа се осврна на коментарот дека од Софија за да стигнете со авион до Скопје треба да одите преку Виена, при што нагласи дека тоа е едно конкретно прашање за кое треба да трошиме многу повеќе енергија, отколку за прашањата кои, подвлече, ни одземаат многу време, речиси цела година од нашата билатерална соработка.
Ново на Сител
-
Постапка против десет лица за кривични дела поврзани со криумчарење возила
-
Во Јужна Кореја прогласена седумдневна жалост поради авионската несреќа
-
Коцевски: Од страна на Јавното обвинителство не протекуваат информации
-
Трент не го известил Ливерпул дека ќе премине во Реал
-
Почина Јагнула Куновска, македонска политичарка и адвокатка
-
Извршени десет претреси во Скопје, Неготино, Дојран и Битола во акцијата поврзана со криумчарење луксузни возила
-
Со вонредните контроли на АХВ, парично казнети 23 угостители
-
Приведено лице заради службен разговор во врска со кривично дело „Оддавање на службена тајна“