Шекеринска: 2018 е година кога ја прекинавме изолацијата и ја отворивме вратата кон НАТО
Покана за членство во Алијансата, завршување на пристапните разговори за членство, поддршка од клучните светски политички авторитети, покачување на буџетот и на платите за припадниците на АРМ, одбранбените реформи, приемот на 375 нови професионални војници, усвојувањето и имплементацијата на значајни стратегиски документи, опремувањето на припадниците на АРМ, отвореноста кон јавноста, се работите кои што ја одбележа 2018-тата година во одбранбениот сектор.
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска во своето видео обраќање истакнува дека гледајќи наназад кон 2018, можеме да бидеме горди на она што го постигнавме.
– Во историјата ќе остане запишано дека ова е годината во која ја прекинавме изолацијата на нашата татковина и ги отворивме вратите за да станеме рамноправна членка во најмоќниот воено-политички сојуз. Поканата за членство во НАТО е во наши раце, пристапните разговори успешно ги реализиравме. Местото на сојузничката маса е веќе резервирано, вели Шекеринска.
Потсети дека за прв пат по 14 години американски секретар за одбрана ја посетил Македонија, за прв пат по шест години е остварена средба на највисоко ниво во Пентагон, како и дека по повеќе од една декада генерален секретар на НАТО ја посетил Македонија и тоа два пати во иста година.
– Во 2018 година се фокусиравме на нашата цел – Македонија да биде член на европското семејство. Знаеме дека во 2019 нашиот фокус мора да биде на домашните реформи. Да ги зголемиме шансите за сите граѓани на нашата татковина. Да ја подобриме економијата и да го засилиме животниот стандард. За ова ќе ни треба вашата доверба и вашата поддршка. Ќе работиме напорно и ќе го испорачаме ветеното, истакна министерката Шекеринска. а
Ново на Сител
-
Внатрепартиски избори за претседател на СДСМ – тројца кандидати
-
Тема на денот со Златко Перински, министер за локална самоуправа
-
Внатрепартиски избори за претседател на СДСМ – тројца кандидати
-
Дигитална трансформација на јавните комунални претпријатија
-
Внатрепартиски избори за претседател на СДСМ – тројца кандидати
-
Агелер: Нема репреговарање на Договорот од Преспа и напредокот кон ЕУ
-
Детектор: Македонските граѓани сакаат членство во ЕУ, но не по цена на Бугари во Уставот
-
Бугарија задоволна од пописот во Албанија, Грција бара почитување на малцинствата