Шефот на украинската безбедност Данилов со порака до Медведев – Да си најде бункер во кој ќе се сокрие
Секретарот на украинскиот Совет за национална безбедност и одбрана, Олексиј данилов, одговори на заканите на блискиот соработник на рускиот претседател Путин, Дмитриј Медведев, порачувајќи му да си најде бункер во кој ќе се сокрие.
Да потсетиме дека Медведев му се закани на Киев и порача „дека тоа што досега се случуваше во Украина е само загревање и детска игра за ултиматумите што ќе следат”.
Претходно, украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека не е подготвен да преговара со Москва бидејќи руската страна поставува ултиматуми.
„Медведев не треба да мисли на Украина, туку на држава, како Северна Кореја, и бункерот во кој ќе се сокрие. Конечно нека престане да ја пишува „русија” со голема буква и нека се навикне на тоа дека се уште не се повлекле”, напиша вчера Данилов на Твитер.
Ново на Сител
-
Гостиварец собрал 760 евра за лекување, со измама му ги земале парите
-
Крвава драма во Тетово: Еден прободен
-
Убиена дива свиња пронајдена во багажник, кривична за две лица
-
Мицкоски: Не можеме повеќе да прифаќаме ултиматуми
-
АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело
-
Тешко повреден мотоциклист во сообраќајна несреќа
-
Таравари: За приватните специјализанти ќе постапиме според интересот на болниците, над 10 доктори во Штип
-
Повеќе од 130 светски лидери следната недела на Генералното собрание на ОН