Шефот на Светската банка предупредува на можна глобална рецесија
Претседателот на Светската банка, Дејвид Малпас, предупреди дека руската инвазија на Украина може да предизвика глобална рецесија бидејќи ќе се покачат цените на храната, енергијата и на ѓубривото.
Во обраќањето пред учесници на деловен настан во СAД организиран од Американската стопанска комора, Малпас рече дека е тешко „да се види како да се избегне рецесија“, истакнувајќи дека загриженоста расте и поради забавувањето на стопанскиот раст во Кина по серијата заклучувања поради Ковид-19.
„Гледајќи го глобалниот бруто домашен производ, сега е тешко да се види како да се избегне рецесија. И самата помисла за удвојување на цените на енергенсите е доволна за да предизвика рецесија“, изјави Малпас, без притоа да даде некоја конкретна прогноза, пренесува Би-Би-Си.
Светската банка минатиот месец ја намали прогнозата за глобалниот економски раст за оваа година за речиси цел процентен поен, на 3,2 отсто.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости