Шефот на ОБСЕ во Косово за затворањето на поштите на север: Неопходно е итно продолжување на дијалогот
Шефот на мисијата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) на Косово, Мајкл Девенпорт, го оцени како „итнтност“ враќањето на страните во дијалогот што го олеснува Европската унија за нормализација на односите меѓу Косово и Србија.
Девенпорт на својот профил Х напиша дека неодамнешните настани во Косово – затворањето на пошти во северните општини и обновените предлози за отворање на мостот во Митровица за сообраќај – „ја подвлече итноста на враќањето на дијалогот“.
– И двете овие прашања треба да се решат во процесот што го води ЕУ. Но, ова треба да биде дијалог фокусиран уште еднаш на подобрување на животот на обичните луѓе во Косово и зголемување на изгледите за младите од сите заедници да живеат, работат и да ги подигаат своите семејства овде, порача Девенпорт.
На затворањето на српските пошти во четирите општини населени со мнозинство Срби на косовскиот север реагираа и други мисии во Приштина, како и канцеларијата на Европската Унија и амбасадите на Соединетите Американски Држави и Германија, кои дејствијата на Владата на Албин Курти ги оценија како еднострани и некоординирани.
Ново на Сител
-
Шефот на руското надворешно разузнавање телефонски разговарал со директорот на ЦИА
-
Со сослушување на обвинетите продолжува судењето за убиството на Вања и Панче
-
Без вода дел од корисниците од улицата „Востаничка“
-
Почнуваат активностите за повторно отворање на граничниот премин „Маркова нога“
-
Трамп: Нападите врз продажните места на „Тесла“ ќе бидат означени како домашен тероризам
-
ЕУ воведува контра царини за американски стоки во вредност од 26 милијарди евра
-
Облачно и топло, попладне врнежи од дожд
-
Русија не исклучува контакти со САД во наредните денови