Шефот на дипломатијата Попоски на министерски состанок во Солун
Македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски денеска и утре во Солун ќе учествува на министерски состанок посветен на прекуграничната соработка во контекст на кризата со бегалците и мигрантите.
На состанокот, кој се одржува по иницијатива на шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас, ќе учествуваат и министрите за надворешни работи на Бугарија и на Албанија, Даниел Митов и Дитмир Бушати, како и претставници на Министерствата за внатрешни работи на четирите земји.
Грчкото МНР соопшти дека на состанокот, како претставник на грчкото МВР ќе присуствува заменик-министерот за цивилна заштита Никос Тоскас.
На средбата ќе учествуваат и претставници на Европската комисија и на Министерството за надворешни работи на Холандија, како земја претседавач со Советот на Европската унија.
На денешниот состанок на министрите за надворешни работи главна тема на дискусија ќе бидат предизвиците на миграцијата и регионалната соработка.
На дневен ред на состаноците што ќе се одржат утре ќе бидат соработката во областа на граничното управување и борбата против трговијата со илегални мигранти и терористичките мрежи. Исто така, разговорите ќе се фокусираат и на хуманитарната димензија на миграцијата и ќе се истражуваат области за соработка и подобра координација за управување со бегалската и миграциската криза.
По завршувањето на состаноците планирано е да се одржи и прес конференција.
Состанокот во Солун е со цел зајакнување на дијалогот и проширување на перспективите за понатамошна прекугранична соработка во областа на координацијата и справувањето со заедничките предизвици, како што се бегалската и миграциската криза.
Ново на Сител
-
Антивладин протест во Кишињев
-
Еден загинат во напад на руски дрон во близина на Киев
-
Германија во пресрет на утрешните избори без јасен фаворит кој сам би формирал влада
-
Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија: По осум години ставен е во функција линеарниот акцелератор
-
Уапсен прилепчанец баран по потерница
-
Пронајдени телефони кај четири осуденици од Идризово
-
Од утре пораст на температурите и услови за слаб локален дожд
-
Пронајден труп на местото каде се гради Мега паркот во Штип