Шефот на дипломатијата на Португалија Кравињо во Скопје
Шефот на дипломатијата на Португалија Жоао Гомес Кравињо, денеска ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија, на покана на неговиот колега министерот за надворешни работи Бујар Османи.
На средбата, како што соопшти МНР, ќе бидат разменети мислења за евроинтегративниот процес на земјава, за билатералните односи и за перспективите за нивното натамошно унапредување, со посебен осврт на економските релации и можностите за нивно зајакнување.
Предвидено е двајцата министри да одржат тет-а-тет средба, ќе следи пленарен состанок меѓу делегациите на двете земји, а потоа и заедничка прес – конференција на Османи и Кравињо.
Покрај средбата со неговиот домаќин Османи, португалскиот министер за надворешни работи ќе биде примен од претседателот Стево Пендаровски, а ќе има одделни средби и со претседателот на Владата, Димитар Ковачевски и со вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ.
Ново на Сител
-
Почнува судењето на францускиот хирург обвинет за силување на стотици деца под анестезија
-
Четврти ден се трага по Миле Тодоров од Неготино
-
Намален бројот на работници во индустријата
-
Историски максимум на цената на кафето арабика на берзите
-
МОН: Јаневска на самит во Будимпешта, ќе се продлабочува соработката помеѓу Западен Балкан и Унгарија
-
Георгиев: Годинава нема заедничко чествување на Гоце Делчев
-
Околу 600 вработени во централата на УСАИД во Вашингтон добија забрана за влез во Агенцијата откако Маск најави нејзино затворање
-
Во средните училишта се спроведува проект за популаризација на воената професија