Шчесни ја заврши професионална кариера
Шокантна вест пристигнува од Полска: Војчех Шчесни реши да стави крај на професионалната кариера на 34 години! Поранешниот голман на Јувентус пред петнаесетина дена го раскина договорот со „Старата дама“ за да се пресели во Ал-Наср од Саудиска Арабија.
И денеска Фабрисио Романо прв објави дека одличниот полски голман решил да ги закачи ракавиците. Зошто и како објасни Војчик во својата објава.
-Бев професионалец 18 години, дадов сè, фудбалот ми донесе многу. Телото се уште е подготвено, но моето срце повеќе не е во фудбалот, сликовито објасни тој.
Некаде по елиминацијата од УЕФА ЕУРО, кога кажа дека повеќе нема да игра за Полска, го објави овој исход: „Имав на ум да ја завршам кариерата на 34 години. Заработив доволно“.
Ќе остане запаметен како еден од најдобрите голмани на планетата од генерацијата 1990. Како суперталентиран голман, во Академијата на Арсенал пристигна во 2006 година, а бранеше кај „топџиите“ од 2009 до 2017 година. Во тој период помина една година во Брентфорд, па две во Рома (од 2015 до 2017 година), за да пристигне летото 2017 година во Јувентус. Во кариерата запиша 542 натпревари, за полската репрезентација бранеше 84 пати.
Со Јувентус освои три титули и три купа, како и два италијански Суперкупа, во Арсенал двапати го крена трофејот од ФА Купот и еден Комјунити Шилд.
Ново на Сител
-
Мицкоски очекува утре институциите да објават податоци кои се потврда на политиките на краток рок
-
Американски медиуми: Демократиоте во шок по поразот на Харис од Трамп
-
Четворица мигранти загинаа во близина на грчкиот остров Родос
-
Новиот лидер на Хезболах, Касем: Не е можно Израел да победи во војната
-
Републиканците го зголемија своето ново стекнато мнозинство во Сенатот на 52 места
-
Барањето на приватните превозници причина за ново препукување меѓу Град Скопје и претседателот на Советот
-
Зеленски потпиша закони за продолжување на вонредната состојба и мобилизација во Украина
-
Поведена истрага против жител на струшко Велешта за детска порнографија