Шчербак: Со заеднички акции може да се надминат предизвиците со тероризмот
Само со заеднички акции и врз основа на заемно почитување и заеднички интерес може да се надминат предизвиците поврзани со тероризмот, изјави денеска амбасадорот на Русија во Македонија Олег Шчербак, на предавање на МИТ Универзитетот на тема „Аспекти на актуелната руска надворешна политика“ организирано од Дипломатскиот клуб во Скопје.
- Дојде време да им се стави крај на илузиите и играта на зборови за поделба на терористите на добри и лоши. Да се прогласува борба против нив, а истовремено да се користат за реализирање на сопствената агенда. Да се соочиме со вистината затоа што ваквата политика базирана врз двојни стандарди и медиумски војни доведува до регионални, но и меѓународна криза, рече Шчербак.
Според него, сепак, добар е трендот на обединување во борбата со тероризмот, кој уследи по најновите напади.
- За жал, шок терапија беа терористичките напади врз рускиот патнички авион и Париз. Ова ги принуди велесилите да воспоставуваат контакти меѓу воени и разузнавачки ресурси. Се формира широка антитерористичка коалиција. Треба да се дизајнира ефикасен систем за управување со кризи и систем за колективна безбедност за сите, не само за привилегираните, а темел да биде меѓународното право со гаранции на Обединетите Нации, вели рускиот дипломат.
Во однос на Република Македонија, Русија, рече, е заинтересирана за стабилност и просперитет на Балканот и на пријателска Македонија, што е изводливо само со регионална соработка.
Ново на Сител
-
Oхрид атрактивен за туристите
-
Во Прилеп пред празниците се одржува Новогодишниот базар
-
Бизнис секторот оценува дека 2025 ќе биде успешна година за македонското стопанство
-
Во 2024-та во Штип купени 270 станови, некои и по цена за 1380 евра за м2
-
Преглед на вестите од светот
-
Мајмунски сипаници во Косово - Мали се шансите за пренес во Македонија
-
Тема на денот со Злате Мехмедовиќ
-
Тошковски изненаден што нема притвор за екс директорот на ЕСМ