Шампионски титули за Динамо Загреб, Јанг Бојс и Зрињски
Трката за шампионската титула во фудбалските првенства во Хрватска, Швајцарија и Босна и Херцеговина заврши изминатиот викенд.
Загрепски Динамо, во чиј редови настапува капитенот на македонската репрезентација Стефан Ристовски, ја обезбеди 24 шампионска титула во клупска историја одигрувајќи во неделното хрватско дерби против директниот конкурент Хајдук 0-0.
Освоениот бод беше доволен Динамо да ја освои шестата хрватска титула во серија на четири кола до крајот на првенството.
Во швајцарското првенство фудбалерите на Јанг Бојс од Берн ја освоија титулата со вчерашниот триумф на домашен терен (5-1) против Луцерн, обезбедувајќи недостижни 18 бодови предност пред второпласираниот Лугано на пет кола до крајот на сезоната.
За Јанг Бојс ова е петта титула во Швајцарија во последните шест години.
На четири кола до крајот на Премиер лигата на БиХ, шампионската титула ја заверија фудбалерите на мостарски Зрињски, со победа на гостински терен над Посушје (2-0) со што дојдоа до недостижни 17 бодови повеќе од второпласираниот Борац од Бања Лука.
За најтрофејниот босански клуб ова е осма титула во домашното првенствио.
Ново на Сител
-
СДСМ: Истрагата се води селективно
-
Македонија одбележува 5 години во НАТО
-
Преглед на вестите од светот
-
Дел од повредените пациенти се враќаат дома
-
Уште пет пациенти денеска се враќаат во Македонија
-
Тема на денот со Арбен Таравари, Министер за Здравство
-
Проширена истрагата за пожарот во Кочани, партиите и денеска со меѓусебни обвинувања
-
Одложена расправата за Коцевски, предлогот за разрешување нема да оди во Собрание