Шаќири: Реформата на јавната администрација и дигитализацијата – процеси што ја одредуваат европската иднина на земјата
Министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири денеска се сретна со Елида Речи од Одделот за социјални и економски прашања на Обединетите нации во Њујорк, кој опфаќа развој и иновации во јавната администрација. Таа е исто така една од петте автори на „Е-влада на ОН“.
За време на состанокот, како што соопшти Министерството за информатичко општество и администрација, Речи изрази подготвеност да и даде поддршка на Владата и на Министерството за реформите и дигитализацијата на јавната администрација, со оглед на фактот дека ова се главните цели на овој мандат. Слична поддршка е обезбедена и за многу други земји низ целиот свет.
Министерот Шаќири ја информираше Речи за постигнатиот напредок во реформата на јавната администрација и досегашните достигнувања во процесот на дигитализација во земјата. Исто така, министерот ги истакна целите на МИОА до крајот на овој мандат и пошироко.
– Ние како институција сме секогаш отворени и подготвени да прифатиме сугестии и совети, кои само ќе помогнат во унапредувањето на нашите веќе почнати процеси и реформи во јавната администрација и дигитализација. Затоа, помошта и советот што се даваат се добредојдени, додаде министерот Шаќири.
Состанокот беше претходница на идните што ќе следат понатаму. На крајот од спроведувањето на овие реформи и процеси, најголеми корисници ќе бидат граѓаните на Република Македонија, посочуваат од Министерството за информатичко општество и администрација.
Ново на Сител
-
Кандидатите за членови во Советот на Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги реферираа пред Комисијата за избори и именувања
-
СОС Детско село ја доби Цветиновата награда за мир
-
Во Чаир три кражби на чанти
-
Тошковски во посета на Центарот за борба против тероризам на Унгарија
-
Ја продал нивата за да се прошират гробиштата, сега му ја враќаат со 150 закопани
-
Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Делчево - Македонска Каменица
-
Ангелов: Државата е подготвена за претстојни врнежи од снег
-
Кан: Нојер не треба да го пропушти вистинскиот момент за пензионирање