Шаќири: Македонија има препознаени резултати во процесите на отворена Влада
Република Северна Македонија има препознаени резултати во процесите на отворена Влада од приклучувањето на оваа иницијатива во 2021 година, преку пет акциски планови и вклученост на граѓаните во процесот на донесување одлуки, воведување на големи стандарди за интегритет и поголем пристап до технологијата, истакна министерот информатичко општество и администрација Јетон Шаќири на денешната онлајн министерска тркалезна маса во рамки на Глобалниот самит за Отворено владино партнерство во Сеул.
Шаќири рече дека преку отворање и ставање на нашите ресурси на јавноста успеавме да го унапредиме дијалогот, иновациите и употребата на технологијата што го прават животот на граѓаните подобар и полесен.
– Прашањата поврзани за интегритетот и добро управување се приспособени во првиот акциски план. На почетокот на оваа година се воведе регистар на вистински сопственици поддржан со софтверско решение преку која се овозможува пребарување и добивање на основните податоци за секој субјект без надоместок. Со оваа заложба се зголеми транспарентноста во сопственичката структура на правните лица во земјата, меѓународните стандарди за перење пари, лоцирање тероризам, освен краткорочни очекувања се и долгорочните резултати се дека заложбата за вистинските сопственици премина на пазарна економија и информирана, јавна и функционална демократија. Без јавен, слободен и отворен пристап до основните податоци за правните субјекти не се може. И во наредниот период очекуваме оваа прашање да биде во центарот на вниманието, рече тој.
Тамара Срзентиќ, министер за администрација, дигитално општество и медиуми на Црна Гора потенцира дека инклузивноста и диверзитетот биле нивни главни пријатели и „сакавме луѓето да учествуваат не само во последиците од политиката, туку и во самото креирање на политичките мерки врз основа на тоа што го научив во Америка“.
– Успеав да формирам еден тим од граѓанско општество и нашата мисија беше да креираме една пристапна веб страница за Ковид-19, која што во една ваква ситуација како што е оваа со Ковид-19 би можело да им послужи на граѓаните, ги приоритизиравме потребите на граѓаните и бизнисите за да ги расчистиме некои од прашањата коишто предизвикуваа збунетост кај граѓаните. Можеби благодарение на нашите информации кои што ги пренесувавме, не послушаа граѓаните и останаа дома, а тоа го бараше пандемијата. Исто така, им посветивме внимание и на децата,м кои што во оваа ситуација мораа да се однесуваат согласно информациите кои што ги добиваа електронски. Мислам дека овој наш систем не само што беше добар за просечниот граѓанин, но ние ги опфативме и оние што имаат проблем со видот, за и тие да ги добиваат информациите кои што се потребни. Овој веб сајт верувам дека навистина се посвети на различни прашања и ја зајакна управата и овозможи да се концентрираме на овие најважни прашања што ги интересираат граѓаните, рече Срзентиќ.
Ново на Сител
-
Сакал да пренесе сопатник без документи преку граница - Уапсен маж на ГП Богородица
-
64 годишен скопјанец кој исчезна пред 10 дена пронајден мртов
-
Девизните резерви во октомври зголемени за 568,9 милиони евра
-
Кривична пријава против 66-годишник за демнење на началник во ОВР Неготино
-
Илиоски со златен медал на Европското кикбокс првенство во Атина
-
Кремљ: Путин е подготвен да разговара за Украина со Трамп, но не ги менува своите барања
-
Народна банка: Се очекува забавување на инфлацијата и во следните години
-
Гробница првпат отворена по 2500 години, презентирани вредните наоди откриени во охридско-струшкиот регион