Џет-Сет
15. јуни 2017 - 9:05

Шакира не е омилена меѓу жените на фудбалерите на Барселона

Пејачката Шакира е заедно со фудбалерот на Барселона, Жерар Пике од 2010 година. 

Вљубената двојка заедно имаат две деца, а и покрај големиот број семејни обврски, Шакира не ја занемари својата кариера.

Напротив, Шакира неодамна на концертот во Барселона го претстави својот нов албум „Ел Дорадо“, но на него ја поддржа само сопругата на хрватскиот фудбалер од истиот клуб, Иван Ракитиќ, Ракел. Според извори блиски до пејачката двете двојки често се дружат и приватно.

Но, впечатливо беше дека ниту една друга девојка или сопргуа на соиграчите на Пике не дојдоа на промоцијата, што ги поттикна гласините дека Шакира не е многу омилена меѓу партнерките на фудбалерите на Барселона, а пред се на сопругата на Лионел Меси, Антонела.

Антонела имено е пријателка на поранешната девојка на Пике, Нурија Тома и смета дека пејачката е виновна за нивниот прекин. Сега останува да видиме дали Пике ќе се појави со Шакира на свадбата на Лионел и Антонела закажана за 30 јуни, имајќи предвид дека двајцата фудбалери се блиски пријатели.