Шахпаска: Се уште тече дебата за прогласување на недела за неработен ден
Министерството за труд и социјална политика, претставници на синдикатите, работодавачите и коморите дошле до некои заклучоци и сугестии во врска со прашањето недела да биде неработен ден и тоа прашање да се отвори на Економско-социјалниот совет, посочи министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска одговорајќи на новинарско прашање при пуштањето во употреба на градинката во населеното место Миладиновци.
-Оваа дебата се уште тече. Вчера имавме онлајн состанок со сите чинители на социјалниот дијалог. Со претставници на синдикатите, претставници од Организација на работодавачи и комори. Дојдовме до некои заклучоци и сугестии на вчерашниот состанок и следниот чекор е истото прашање да се отвори на Економско-социјалниот совет, да разговараме и да биде дефинирана последната драфт верзија како законско решение, истакна Шахпаска.
Таа потенцира дека согласно задачата Министерството изработи драфт верзија на предлог законот и го испрати до колегите министри, но поради интересот и до сите чинители и партнери од социјалниот дијалог.
Потенцира дека тоа е предизборно ветување на СДСМ, но и заедно со владинот коалициски партнер е преточено како еден од законите што ќе биде донесен.
Посочи дека отворено се дебатира и кога ќе биде готова дебата ќе се донесе предлог-законот.
Ново на Сител
-
Последни подготовки за утрешните двојни избори
-
Како тече гласањето во затворот Идризово?
-
Во Прилеп зголемен интерес за гласање кај болните и изнемоштени лица
-
Три лица повредени во тешка сообраќајна несреќа во скопско Влае, едно од возилата преполовено
-
Преглед на вестите од светот
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ