Шабан Шаулиќ пресреќен, ќе стане дедо
На пејачката Илда Шаулиќ (38) кон крајот на годината ќе и се исполни долгогодишната желба конечно да се отвари како мајка, открива магазинот Стори.
Ќерката на Шабан Шаулиќ неодамна дознала дека е бремена, а оваа вест ги израдува членовите на нејзиното семејство, посебно нејзниот татко.
Илда со сегашниот партнер кој го крие од јавноста за бременоста вели дека е во почетна фаза.
-Никога не сум говорела за мојот приватен живот, па нема ни сега, вели Илда.
Инаку Илда за своето бившо момче проговори дури кога му раскина. Причината било тоа што тој не сакал да основаат семејство.
-Имав најголема љубов, но таа помина, а сега сум среќна и благословена поради тоа што ја почувстував. Верувам дека во живото ќе имам уште љубов, но не верувам дека ќе биде толку силна и јака, рече пејачката.
Илда е многу посветена на семејството, посебно на децата од својата постара сестра Санела, Лука и Уна, кои се израдуваа што нивната тетка ќе стане мајјка.
Ново на Сител
-
Изгаснат пожарот во Безистенот во Струга, зафатена кровната конструкција
-
Касами: Не гледам потреба од вонредни парламентарни избори
-
Уапсено уште едно лице поради нередите на протестот во Нови Сад
-
До сабота сончево време, од недела постудено и повремен дожд
-
Македонски танчари освоија 11 златни пехари на Европско првенство во Шведска
-
Македонски државјанин убил 30-годишна жена со месарски нож пред очите на децата во Германија
-
Обрале 300 кг грозје од туѓа нива, кривична против неколку лица од Кавадарци
-
Додик приреди коктел по повод победата на Трамп