Северна Кореја: САД треба да бидат подготвени да ја платат цената за воените вежби
САД треба да бидат подготвени да платат еднаква цена за нивните воени вежби на Корејскиот полуостров, соопшти севернокорејското Министерство за надворешни работи, притоа бранејќи ги сопствените ракетни тестирања како одговор на американско-јужнокорејските воени вежби кои започнаа оваа недела, а кои се фокусираат на „сценарио на нуклеарна војна против Северна Кореја“.
Северна Кореја ги обвини САД за подигнување регионална напнатост и тензии со серија заеднички вежби со Јужна Кореја оваа година, а последната е големата воздушна вежба со кодно име „Будна бура“.
„Благодарение на големите воени вежби што САД и нивните вазални сили ги организираат речиси секој ден оваа година, Корејскиот полуостров останува жариште на најсериозните воени тензии во светот“, изјави портпаролот на Министерството.
САД и Јужна Кореја започнаа некои од најголемите заеднички воени воздушни вежби, со стотици борбени авиони кои вршат лажни напади 24 часа на ден во поголемиот дел од неделата.
Операцијата наречена „Будна бура“ ќе трае до петок и ќе вклучува околу 240 воени авиони кои ќе изведат околу 1.600 летови, се вели во минатонеделното соопштение на американското воено воздухопловство. Тој број на мисии е најголем досега за овој годишен настан.
Пјонгјанг ги осуди заедничките вежби како проба за инвазија и доказ за непријателската политика меѓу Вашингтон и Сеул. Во знак на протест против неодамнешните вежби, Северна Кореја лансираше ракети, спроведе воздушни вежби и истрела ракети во морето.
Сојузниците велат дека таквата обука е потребна за да се спротивстават на потенцијалните закани од Северна Кореја, која изврши рекорден број лансирања на проектили оваа година и направи подготовки за продолжување на нуклеарните тестирања првпат од 2017 година.
Ново на Сител
-
Блумберг: Mајкрософт истражува дали DeepSeek незаконски презел податоци од OpenAI
-
Турција: Приведени 28 осомничени за смртоносниот пожар во ски-центарот Карталкаја
-
Хамилтон го искрши болидот на Ферари за време на тест возење во Барселона
-
Покрај Николов, Владата предлага уште тројца нови амбасадори, покрената постапка за отповикување на девет амбасадори
-
Шапката на Меланија го фрли во сенка Трамп | Александар Рашковиќ | Sitel Podcast 079
-
Општина Центар: Град Скопје ги остави улиците во смет, активирани 120 хигиеничари од Општината
-
Приведен 21 годишен жител од велешкото село Бузалково, кој се заканувал на комисија за возачки испит
-
Измамена скопјанка - И кажале дека нејзината ќерка прегазила дете и ако не сака таа да лежи во затвор треба да плати 3.200 евра