Северна Кореја пети ден по ред има повеќе од 200.000 новоинфицирани со коронавирус
Северна Кореја петти ден по ред објави дека има повеќе од 200.000 новозаразени пациенти кои страдаат од треска предизвикана од епидемијата на Ковид-19, со што бројот на вакви случаи надмина повеќе од два милиона, јавија денеска јужнокорејската новинска агенција Јонхап, цитирајќи ја севернокорејската државната телевизија.
Актуелниот бран на инфекции со Ковид-19 во Северна Кореја, објавен минатата недела, предизвика загриженост за недостаток на вакцини, несоодветна медицинска инфраструктура и потенцијална криза со храна во оваа 25-милионска земја, која одбива странска помош додека ги држи границите затворени.
Вчеравечер имало 219.030 нови лица со знаци на треска, со што вкупниот број на такви случаи достигна 2.460.640, соопшти Корејската централна телевизија (КЦТВ), цитирајќи податоци од државната администрација за борба против епидемијата.
Бројот на умрени досега достигна 66.
Јонхап не соопштува колку лица биле позитивни на Ковид-19, а западните медиуми не се во можност засега да добијат независна потврда за податоците.
Со оглед на фактот дека во Северна Кореја нема национална кампања за вакцинација, додека капацитетот за тестирање е ограничен, експертите проценуваат дека податоците објавени од државните медиуми би можеле да бидат потценети и дека е тешко да се процени големината на бранот на пандемијата.
Ново на Сител
-
Тема на денот со отец Горан Стојчевски
-
Верниците го слават Велигден, црквата со порака за национално обединување и надминување на разногласијата
-
Со биење на камбаните најавено Христовото воскресение во Охрид
-
Вообичаен број интервенции на скопската Брза помош за продолжениот празничен викенд
-
Ден на македонскиот јазик
-
Групацијата за осигурување во вторник носи одлука дали ќе ги врати парите за полисите на граѓаните кои платија поскапо
-
Политичарите испратија пораки за мир и спокој на Велигден
-
Парламентарни избори 2024