Џет-Сет
22. November 2015 - 14:18

Северина и Игор со „стокец“ заминаа на венчавка

Ако не можете да верувате само погледнете ги фотографиите.

Северина и Игор излегоа од куќата на Којиќ во Белград и откако кратко се забавуваа трубачите, тие влегоа во бел накитен застава 101, и заминаа кон хотелот каде ќе биде нејзината српска венчавка.

Igor Kojić i Severina

Во кој филм се младенците може да само да се нагаѓа. Станува збор за стокецот со кој Кеба ја одвел својата сопруга Оља на нивната свадба пред многу години. Веројатно Севе мислела дека токму култното југословенско возило е клуч за успешен брак каков што го имаат нејзиниот свекор и свекрва, па наместо со луксуз на 4 тркала замина со прастар стокец.