Сервер: Косово не е идеално за постојаното воено присуство на САД
Во врска со препораките на Атлантскиот совет за постојано присуство на Армијата на САД на Балканот, професорот на американскиот универзитет „Џонс Хопкинс“ и експерт за Балканот, Даниел Сервер оценува дека Косово не е идеално место за тоа.
- Ќе бидам подготвен да го разгледам континуираното воено присуство на САД во Југоисточна Европа, но не можам да се согласам дека кампот Бондстил во Косово е идеален за оваа намена, изјави Сервер.
Според него, на Бондстил му недостасува писта долга три километри, колку што е потребно за сериозна американска база, а нејзината изградба би била тешка поради топографијата.
Сервер додава дека нема потреба од таква база, имајќи предвид дека веќе постои база во Авијано, која не е далеку од Бондстил.
Тој смета дека САД можеби нема да бидат добредојдени кај младите косовски Албанци, кои нема да можат да сфатат зошто немаат своја војска и во НАТО ќе гледаат пречка за тоа.
Сервер вели дека некои меѓународни претставници не мислат оти Косово има потреба од сопствена армија, поради присуството на НАТО, но дека тоа нема вечно да биде прифатено од граѓаните.
- Подобро е да се реши проблемот отколку да се чека тие да излезат и да протестираат, заклучи Сервер.
Ново на Сител
-
Ќе останат ли без фактори за коагулација лицата со хемофилија?
-
Предложената концепција за гимназиско е на штета на учениците и наставниот кадар
-
Наместо ТOЕФЛ, за јавни функции ќе важи и Б2 сертификат за познавање странски јазици
-
Трошок за еден пензионер го покриваат речиси двајца вработени, над 200 лица во ПИОМ земале плата, а не оделе на работа
-
Македонец меѓу екстремистите од терористичката ќелија која планирала напад врз цивили
-
Оставка на српскиот премиер
-
Таравари: До крајот на неделата ќе има лекови на онкологија
-
Мицкоски: Злоупотребувале државни ресурси за да ме следат