Сервер: Добро е да се реши името, но и без тоа Македонија треба да влезе во НАТО
Време е спорот за името да се реши. Тоа би било добро и за Грција и за Македонија, но и за регионот. Би бил радосен ако се најде заедничко прифатливо решение, но и ако не дојде до тоа Македонија треба да влезе во НАТО под привремената референца, вели во интервју за МИА американскиот политички аналитичар и професор на универзитетот „Џон Хопкинс“ во Вашингтон, Даниел Сервер.
- Многу политичари во Вашингтон треба да сфатат дека неуспехот да се најде решение за влезот на Македонија во НАТО е причина за меѓуетничките тензии. Ако владејачката гарнитура во Грција предводена од СИРИЗА не може да се договори со опозиционерите од Нова демократија и со коалицискиот партнер Независни Грци, Македонија треба и мора да влезе во НАТО во ситуација кога Русија шири конфронтација и покажува агресија во Европа и Западен Балкан, тоа е повеќе од потребно, вели Сервер за МИА.
Прашан што губи Грција ако спорот за името не се реши, Сервер смета дека нема да има директни последици врз Атина, но, сепак, неисполнувањето на пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг може да го оцрни нејзиниот углед и да резултира со некои чекори како што се тешкотии во позајмувањето кредити, бојкот на американски туристи, како и незадоволство на малцинствата кои живеат на нејзина територија, како што се албанското и македонското.
За најновите несогласувања меѓу Русија и Западот во врска со случајот „Скрипал“ поради кој и Македонија протера еден руски дипломат, Сервер вели дека Вашингтон високо го цени гестот на македонската Влада да се приклучи во заедничките американско-европски напори да се испрати силен сигнал кон Москва оти треба да запре со својата незаконска агресија врз други суверени земји.
- Руската закана до Македонија е празна и бесмислена. Сериозни обиди за дестабилизација имаше во последната година од владеењето на Никола Груевски со протестите и руската иконографија. Исто така, некои млади Македонци свесно или несвесно работеа во полза на руската агресија во американските избори во 2016 година. Значајно е тоа дека новата македонска Влада ја смета таа агресија за сериозна. Што мајка бара Русија во одлуката дали Македонија треба да влезе во НАТО или не. Тоа решение треба да го донесе народот во Македонија преку своите избрани претставници во власта и Русија со тоа нема ништо. Македонија во никој случај не е закана за Русија и таквите тврдења се целосна бесмислица, вели Даниел Сервер во интервјуто за МИА
Ново на Сител
-
66-годишник во инвалидска количка повреден од автобус на улица во Струга
-
60-годишник со возило „Форд“ излетал надвор од патот, возачот починал на местото на настанот
-
Приведен 36-годишник од Крива Паланка, управувал возило со 1,58 промили алкохол во крвта
-
Двајца загинати и 31 повреден во судар на автобус и автомобил на автопат во Хрватска
-
Британската полиција уапси осум мажи осомничени за терористички активности
-
Мицкоски најави нова милионска инвестиција со повеќе од 200 вработени
-
Сиљановска Давкова: Делчев беше и ќе биде дел од нас, од нашата историја, сегашност и иднина
-
Мицкоски очекува уште поголема наплата на приходите: Во минатото голем дел од тие средства завршувале во нечии џебови, а денес во проекти за граѓаните