Серијалот „Седумте сестри“ најчитани книги во битолската Градска библиотека
Серијалот „Седумте сестри“ на светски познатата Лусинда Рајли се најбараните книги во битолската Градска библиотека, додека пак најмладите читатели зимскиот распуст го минуваат со книгите за Хари Потер.
Од НУ Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“, меѓу битолчани позната како Градска библиотека, информираат дека за време на новогодишно-божиќните празници евидентиран е голем интерес за изнајмување на книги, а очекуваат така да биде и во наредните денови.
-Во Библиотеката имаме околу три илјади активни читатели од сите возрасти, а најголем дел од нив се млади битолчани, односно 1.060 основци, над 750 средношколци и други читатели. Посебно се радуваме кога зачленуваме деца од предучилишно образование, а такви во моментов имаме 98 кои искрено сакаат времето да го поминат со книга во рака. Се бараат сите жанрови, а оваа зима хит книги се серијалот „Седумте сестри“ на авторот Лусинда Рајли и книгите за Хари Потер, информираа од Битолската градска библиотека.
Фондот на НУ Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола е во постојан пораст, а во моментов има над 50.000 наслови, книги за возрасни и деца.
Ново на Сител
-
Сончево и многу топло со мала до умерена облачност
-
МВР: Лишени од слобода шест возачи за возење под дејство на алкохол
-
Руската ПВО соборила 120 украински дронови
-
За осум часа 155 сообраќајни прекршоци во Скопје, 51 санкција за возачи на мотоцикл
-
Најниско задоволство од цените во мобилната телефонија, една третина не ги читаат договорите
-
Далај Лама го прославува 90. роденден
-
Зголемена фреквенција на возила, на ГП „Табановце“ за влез во државата се чека околу половина час
-
Мицкоски: Многу сме поподготвени за справување со пожари од порано, ставени се во употреба 38 возила