-->
-->
Серија земјотреси во Дојранско
-->
- Доцна синоќа, по 23 часот, се регистрирани серија земјотреси кои потекнуваат од дојранското епицентрално подрачје, но најсилниот, со интензитет од VI-VII степени според Европската макросеизмичка скала, бил утрово во 5 часот и 24 минути.
Како што информира Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, овој земјотрес на 145 километри југоисточно од Скопје, со магнитуда од 4,8 по Рихтер, највеќе го почувствувало населението во Дојран.
Во Гевгелија, Валандово и Стумица интензитетот бил VI степени, додека во Кавадарци, Радовиш и Берово V степени.
Земјотресот е почувствуван и во Грција и Бугарија, а предизвикал мали оштетувања на градбите во населените места во непосредна близина на епицентарот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СДСМ нема да гласа за разрешувањата во судството
-
Нов закон за сезонски работници
-
Со 1,6 милиони евра Штип ќе го реконструира акрополот на Исарот
-
Преглед на вестите од светот
-
Рибарските мрежи опасни по живиот свет во езерото
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Голема симулациска вежба на скопскиот аеродром
-
Беџети контра Ахмети: ДУИ не е за бојкот на изборите