-->
-->
Серија А: Сампдорија поуспешна од Болоња
-->
Фудбалерите на Сампдорија синоќа во Џенова ја совладаа Болоња со 2:0 и се искачија во горниот дел на табелата придружувајќи им се на петте екипи со седум бода.
За Болоња ова беше трет пораз во исто толку одиграни натпревари по што остана на дното на табелата во Серија А.
Домаќините до триумфот стигнаа во период од само четири минути. Најпрво Едер донесе водство за Сампдорија, а Роберто Сориано го постави конечниот резултат.
Резултати на другите дуели од 3.коло во Италијанското фудбалско првенство.
Јувентус – Киево 1:1,
Фиорентина – Џенова 1:0,
Фросиноне – Рома 0:2,
Верона – Торино 2:2,
Емполи – Наполи 2:2,
Палермо – Капри 2:2,
Сасуоло – Аталанта 2:2,
Лацио – Удинезе 2:0 и
Интер – Милан 1:0.
Води Интер со 9 бодови, а потоа следуваат Киево, Сампдорија, Торино, Рома, Сасуоло и Палермо со по 7 бода
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Калаc: САД сакаат кавга со ЕУ
-
Намален прометот во индустријата
-
Почина гинекологот и акушер проф. д-р Јован Јуруковски
-
Уапсен 47-годишен од с.Дражево, нападнал човек со остар предмет
-
Кривична против две лица од Кочани поради користење на туѓа дебитна картичка
-
Нападната 46-годишна жена на нејзиното работно место во Скопје
-
Кривична за 33-годишен штипјанец, нудел пари да се запали возило на друго лице
-
Трошоците на живот во јануари на годишно ниво повисоки за 4.9 %, а цените на мало за 5.2 %.