Сепаратисти: Привремен прекин на огнот во Мариупол - Првите 300 лица го напуштија градот
Проруските сепаратисти соопштија дека првите 300 лица го напуштиле опколениот град Мариупол, во југоисточна Украина, за време на новиот обид за прекин на огнот, јави ДПА.
Меѓутоа, овие информации не може да се проверат од независен извор, а украинските власти се уште не даваат никакви бројки, додаде германската агенција.
Украинската и руската армија се договорија да ги прекинат непријателствата во областа и да отворат хуманитарен коридор за да им овозможат на жителите да се евакуираат со специјални автобуси или со свои возила.
Сличниот обид во овој град вчера брзо пропадна откако руските сили продолжија со гранатирање, соопшти украинската страна, потсети ДПА.
Мариупол е стратешки пристанишен град лоциран во регионот на Доњецк, чии делови се под контрола на сепаратистите поддржани од Москва и руските сили. Окупацијата на Мариупол би била значајна победа за Москва, бидејќи руските трупи потоа би можеле да се спојат со руските сили на други места во Доњецк и на полуостровот Крим.
Ново на Сител
-
Како да ги искористите ваучерите за инвертер клими?
-
Тема на денот со Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини
-
Прв пат во Македонија дијагностицирана ретка генетска болест „Фабри“ - Двајца пациенти се на терапија
-
Преглед на вестите од светот
-
Реформската агенда за ЕУ пред пратениците
-
Силјановска: Реален и рационален е оптимизмот за одблокирање на европската интеграција
-
Антикорупциска: Незаконско е назначувањето членови за УО на Академијата за судии и обвинители
-
ДКСК: Екс-министерката за култура на службено патување трошела буџетски пари за приватни цели