Сензација во Дуизбург, Македонија го совлада четирикратниот светски првак Германија
Македонската фудбалска репрезентација оствари сензационална победа од 2-1 во квалификациите за СП. Во Дуизбург совладана селекцијата на четирикратниот светски првак Германија.
Избраниците на селекторот Игор Ангеловски храбро влегоа во дуелот со големиот фаворит и во првиот дел остварија водство со голот на Пандев.
Германците имаа иницијатива но делуваа немоќно благодарение на одлично организираната игра на нашата селекција. Во вториот дел подарок пенал од рускиот судија Карасев им овозможи на домаќините преку Гундоган да го израмнат резултатот.
Во продолжението од мечот Германија се обиде да нападне но Македонија не се повлече и преку Елмас постигна и втор гол за победа од 2-1.
Мора да се истакне дека нашата репрезентација беше оштетена и со недосуден пенал при резултат 1-1 откако Емре Чан играше со рака на првата статива.
Македонија по три одиграни средби има 6 бода во квалификациската група за СП.
Ново на Сител
-
Штрајк на над 50.000 поштари во Канада поради ниските плати и лошите услови за работа
-
Нема веќе непоразени сезонава во НБА, Бостон му го нанесе првиот пораз на Кливленд
-
Галетановски: Тендер за озвучување на изгорена Универзална сала, дали сте нормални?
-
АХВ: Запленети и уништени 366 килограми месо и преработки од месо во угостителски објект во Охрид
-
Предлог за поведување на стечајна постапка против ЗК Пелагонија АД Битола
-
20 претставки за загадениот воздух поднесени до Народниот правобранител
-
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
-
Од утре повремени врнежи од дожд и снег на планините