Село во кое наместо со пари се плаќа со кокаин: Отсечено од светот, без струја и вода каде кокаинот им е валута
Во отсечено село кое се наоѓа на Андите во Колумбија живеат помалку од 200 луѓе, но тие успеваат да произведат месечно повеќе од 100 килограми кокаин.
Во селото чие име не е откриено, не постои никаков извор на вода за пиење, а мештаните живеат под свеќи бидејќи нема ни струја. Меѓутоа ова село успешно произведува кокаин секој месец бидејќи ова подрачје е исполнето со листовите кои се потребни за правење на оваа дрога, пишува Мирор.
Вреќа од 2.27 килограми билки може да се преточи во 2 килограми чист кокаин, кој пак може да се продаде за близу 50.000 евра во Њујорк. Тоа значи дека секој месец селото произведува кокаин чија вредност е 2.5 милиони евра.
Мештаните кокаинот го користат и како чип за коцкање но и како валута. Всушност како што пренесува Мирор, мештаните во ова село намирниците ги плаќаат со кокаин, за сметка од 27.000 пезоси пиво се плаќа 10.8 грама кокаин.
Мештаните кои се одговорни за производство на дрогата велат дека се свесни за последиците кои таа ги има.
- Знаеме дека силите кои се борат против тргување на оваа дрога можат да се појават во секој момент, да го растурат производството а мене да ме пратат во затвор. Свесен сум дека се бавам со илегаллна работа и дека многу луѓе се предозираат од кокаин - вели еден од локалните произведувачи на кокаин.
Владата на Колумбија со години води војна против дилерите на дрога, а ширум земјата се распоредени и трупи за да се искорени и недозволеното садење на оваа билка.
Во октомври минатата година 7 луѓе се убиени додека повеќе од 20 се повредени при акција за искоренување на поле со оваа билка.
Во акцијата се вклучиле и повеќе од 75.000 семејства, кои сакаат да се ја ослободат својата земја од кокаинот.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Предвидени се пари за раст на платите во јавната администрација за наредната година
-
Од денеска цените на дел од прехранбените производи треба да бидат намалени
-
Повеќе лесно повредени лица во сообраќајна несреќа на крстосница на регионалниот пат Куманово-Свети Николе
-
Минималните трошоци во септември 61.306 денари, ССМ се надева дека ако се почитува одлуката на Владата, ќе се намалат трошоците за храна
-
СВР Битола поднесе кривични пријави против осум лица поради предизвикување пожари
-
Поднесено обвинение за убиството на малата Данка Илиќ
-
Поднесено обвинение за убиството на Данка Илиќ
-
Трет уписен рок за студирање на УКЛО-Битола